Професорот Николај Овчаров вели дека е шокиран од ставот на претседателот Румен Радев според кој треба да се сврти фокусот од историјата кон современите проблеми како што се правата на Бугарите во Македонија.
„Денеска внимателно го слушав говорот на претседателот на Република Бугарија Румен Радев на средбата со претставници на Бугарите од Македонија. Но, какво беше моето изненадување и шок кога слушнав за „новата“ позиција на Република Бугарија, формулирана од шефот на државата: „И тоа е дека мораме да свртиме грб на историските прашања и да се фокусираме само на проблемите на Бугарите во Македонија“, вели професорот Археолог Николај Овчаров.
Тој смета дека „ако ја предадеме нашата историја, ќе треба да им објасниме на нашите деца дека Самуил можеби бил „македонски“ крал. Дека неговиот внук, Иван Владислав, малку згрешил кога наредил да се изгравира со големи букви во битолскиот натпис дека е „Бугарин по раѓање“, неговото кралство дека било „угарско“, а народот „бугарски“.
Дека браќата Миладинови можеби собрале „македонски“, а не бугарски песни…
„Не, господине Радев, не можеме да го свртиме фокусот од историјата кон современите проблеми. Бидејќи токму оваа наука е категорична дека нема народ без историја.
Нашите соседи ја создаваат својата нација крадејќи ја историјата од нашите соседи и најмногу од нас.
Грците, како и секогаш, беа категорични и крајно јасни, бранејќи ја својата историска позиција. Битката со инсинуациите на северномакедонците траеше со децении, но тие на крајот победија.
Да застанеме и ние цврсто на нашата исклучително јасна позиција. Затоа што историската правда е со нас!“, заклучува Овчаров.







