„Роскосмос и НАСА ја потврдија својата намера да ја искористат Меѓународната вселенска станица како основа за понатамошно истражување на универзумот, како и желбата за соработка во рамките на меѓународната лунарната програма – изградбата на „Deep Space Gateway“ платформата“, се вели во соопштението на Роскосмос.



Договорот беше потпишан во Аделаида, Австралија, каде што се одржува 68 меѓународен конгрес за космонаутика.

НАСА објави пред неколку месеци дека работи на проектот „Deep Space Gateway“ кој ќе испрати космонаути на орбитата на Месечината, користејќи нови ракети развиени од НАСА.

Русија има амбиција да формира научна база на Месечината и најави дека сака да ги спроведе првите летови до Месечината до 2031 година.

„И двата партнери сакаат да развијат меѓународни технички стандарди кои ќе се користат во иднина, дури и за создавање на орбитална станица на Месечината. Роскосмос и НАСА веќе се согласија за стандардот на идната станица“, објави Роскосмос.