СДСМ го допре дното – со фалсификувано лого на „Левица“ шират црна кампања

Јавноста згадена, а партиите од опозицијата се прашуваат како е можно власта да падне толку ниско во црната камапања против кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.



„Го допреа дното, од ова нема подолу.

Каков неславен крај на една партија која некогаш беше за респект.

„Да фалсификуваш лого на друга партија за да правиш црна кампања, како прво е кривично дело, а како второ е мизерија, дно“ – напиша фејсбук профилот Волкот сит овци куп, инаку близок до највисоките структури на „Левица“, откако се појавија лажни плакати со знакот на оваа партија, од кои се порачува да не се гласа за Данела Арсовска, бидејќи таа би била „бугарски кмет“.