Вработени во термоелектраната РЕК Битола каде се произведува најголемата количина на струја во Македонија, тврдат дека има уште минимални резерви на јаглен кои можат да завршат за часови доколку температурите паднат под нула.
Според фотографијата што ни ја испрати член на менаџментот на РЕК, на просторот каде вообичаено има огромни количини јаглен сега има гориво само за часови.
“Треба да се признаат грешките, да се преземе одговорност и веднаш да се најде начин граѓаните на не останат без струја”, вели членот на менаџментот кој се плаши да излезе во јавност затоа што добивал закани од политички фигури инволвирани во енергетскиот бизнис.
“Како луѓе, менаџери и родители, треба да предупредиме дека тие што се греат на струја треба да се подготват на најлошото”, вели членот на управата на РЕК Битола.
Од фотографијата сликана денеска се гледа дека резервите на јаглен се доволни само за часови и ако не се надополнат веднаш што е речиси неверојатно, Македонија ќе има сериозен проблем што неизбежно ќе предизвика рестрикции.
Предходно РЕК одби да даде информација на ТВ Телма за залихите на јаглен.
Драма во Битола: Се крие за уште колку дена има јаглен за струја во РЕК Битола
Најчитани вести
Кога ќе тргне на лошо во политиката тргнато е, нема запирање и враќање на арно за тој што ги излажал граѓаните
Елмаз до Зоран: Свиња не се гои пред Велигден – нов дебакл на платено видео на Заев





