Драма во Битола: Се крие за уште колку дена има јаглен за струја во РЕК Битола

Надлежните ги кријат информациите колку резерви на јаглен имаме и за колку денови со нив РЕК Битола може да произведува струја. Според неофицијални информации на Телма на депонијата има недоволна количина јаглен која може да покрие само неколку денови производство на струја. Но, никој од надлежните не сака ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа информација, објави ТВ Телма.



Телма со денови се обидува да добие одговори од ЕСМ околу тоа колку јаглен имаме. Но, иако им биле ветени прецизни бројки уште завчера, ниту вчера новинарите не добиле прецизен одговор, туку повтторно паушално уверување дека производството е стабилно.

Повеќе детали на овој ЛИНК