Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, беше јунакот на Рајо Валјекано, одбранувајќи го триумфот на домаќинот од 1:0 против Барселона во шпанската Ла Лига со скротениот удар од белата точка на Мемфис Депај.
Димитриевски во 72. минута прво ја одби топката упатена од холандскиот напаѓач, а потоа ја потврди одбраната фрлајќи му се в нозе.
Голот за победа на тимот од Мадрид го постигна Радамел Фалкао во 30. минута.
Одбраната на 27-годишниот чувар на мрежата на Рајо по 3:30 минути од видеото:






