Министерството за здравство информира, сдека во последните 24 часа се регистрирани нови 444 случаи на котронависрус од направени 3.210 тестирања.
Во истиот период, регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г) и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 225 оздравени пациент






