Не една, туку неколку Даниели со презиме Арсовска постојат во системот на МВР и Агенцијата за Бугари во странство, но ниту една го нема бројот на уверение кој на прес конференција го презентираше Славјанка Петровска од СДСМ, објави денеска Инфомакс.

По кратко пребарување во системот за гласање, региситарот на Агенцијата за бугари во странство и МВР на Бугарија, ќе наидете на повеќе лица кои носат име и презиме – Даниела Арсовска, но ниту едно од овие лица не е заведено во регистарот под бројот на уверение 1688/2007 каков што презентираше Славјанка Петровска од СДСМ на прес конференција, пишува порталот.

“Според податоците од изборната комисија на Бугарија пак, на последните избори на гласање излегла извесна Даниела Арсовска да гласа, но истата е родум од Струмица, а не од Скопје.
Она што е поинтересно пак, МВР на Бугарија по последната евиденција нема евидентирано пасош на име Даниела Арсовска, со матичниот број кој стои во документот кој го објави Славјанка Петровска од СДСМ.

Во телефонски разговор со Инфомакс пак, од Агенцијата за бугари во странство кои ги издаваат овие уверенија велат дека во нивната архива немаат лице со име Даниела Арсовска родена на 20.12.1979 родена од Скопје, немаат ниту Данела Арсовска, но велат дека имаат Даниела Арсовска родена во Струмица”, пишува Инфомакс.
Случај Дан(и)ела: Бугарија го обвини СДСМ за ширење говор на омраза





