Одговарајки на новинарско прашање дали е бугарска државјанка, кандидатктата за градоначалник на Скопје Арсовска вели дека никогаш не го носела името Даниела и дека името Данела го добила по името на нејзиниот дедо Дане, Македонец, а презимето Арсовска го носи повеќе од 20 години.
СДСМ во последните два дена изнесе обвинувањ дека Данема Арсовска е бугарска државјанка за што како доказ прилоши бугарско „удостоверение“ и наводна лична карта но на име на лице ДанИела Арсовска.
„Родена сум скопјанка, живеам целиот свој живот во Скопје, имам тука семејство, кое што безумно го напаѓаат почнувајќи од моите родители, од мојот син, мојот сопруг…
Ова е безумие што се случува и напад на лична основа и тоа од луѓето кои што пет години ме викале да им давам економски совети и совети за економски мерки, луѓе кои седеле со мене на маса, а сега покажуваат на мене како на антидржавен елемент. Луѓето во Скопје и во Македонија знаат дека сето тоа не е вистина. Треба да се срамат од тоа што го прават.
Јас веќе пуштив една тужба, меѓутоа овојпат тужбата нема да оди без надомест. Средствата што ќе ги земам ќе ги донирам, но не за политичка партија како што лажат. Никогаш во животот не сум била член на политичка партија, ниту сум донирала на политичка партија, ниту пак сум направила нешто погрешно”, одговори Арсовска.






