Државната изборна комисија на денешната сдница ја поништи вчерашната измена на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња во пресрет на вториот круг од локалните избори, според која – важечки би биле и гласачки ливчиња без печат од Избирачкиот одбор.



Тоа предизвика бура во јавноста и основани сомневања дека се подготвува изборен фалсификат во вториот круг на локалните кои , владечките партии, очигледно ги губат.

Значи, останува дека важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат. 

Од ДИК објаснија и дека предложената измена донесена вчера, произлегува од пресудата на уставниот суд да прогласи ливчиња без печат за важечки, поради што на едно избирачко место во Шуто Оризари ќе има прегласување. Втор круг од локалните избори ќе има во 44 општина, а покрај во Шуто Оризари, прегласување ќе има и на едно избрачко место во Дебар.