„Претседателот на ДПА Мендух Тачи вечерва во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21 ги образложи ‘двете причини зошто ја поддржува ДУИ на овие локални избори“. – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.
“Ја поддржувам ДУИ и во кампањата бев конзистентен во овие изјави. Додека дејствувам политички, никогаш нема да дозволам Зијадин Села да победи на изборите. И ова се случува. Другата причина зошто ја поддржувам ДУИ е тоа што не допуштам феномени како Билал Касами, кој се катапултира во политиката како кандидат на една голема македонска партија, бидејќи тој е пратеник на СДСМ, да ни се претставува како вредност на албанската кандидатура во најголемиот град на Албанците – Тетово’ – кажа лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва во емисијата ‘Клик Плус’ на ТВ 21.“
ТВ 21 објави дека Тачи во емисијата „Клик Плус“ се осврнал и на опстојувањето на Владата и едновремено го коментирал и договорот постигнат со лидерот на ДУИ Али Ахмети на саботната средба: „Тачи вели дека има долгорочен договор со ДУИ, вклучително и за отстранување на Беса од Владата, за за нејзина замена со Алтернатива. Според него, Владата ‘потврди дека ја има бројката од 62 пратеници, додека опозицијата не постигна да ги потврди бројките во поглед на пратеници, што ги изнесува, оти и ги нема.’ – кажа лидерот на ДПА Мендух Тачи.“





