Грозданов за обвинителката Лиле Стефанова: Злобниците ја обвинуваат дека навива за смрт на Камчев

Да почитувани ние сме една голема ДУПКА. Ќе пробам малку да Ве внесам во светот на информациите кои Вие сами ќе процените каде да ги класифицирате.



Обвинителот или Џелатот г-ѓа Лиле Стефановска својата кариера кај новинарите ја започна со Томе Кежаровски. И тоа од 28 мај 2013 година кога пристигаа вознемирувачките вести “Уапсен Томе Кежаровски”. Така некогаш се отвараа страниците на порталите, весниците, телевизиите.

Но што е важно. На самиот старт на првото рочиште избива скандал кога одбраната укажува дека обвинителката Лиле Стефановска покренала акт по член од законот кој не постои од 2010 година и кој е преименуван. Судот прогласува пауза, а веднаш потоа судиите прават пресек во стилот- па што има врска.

Судот не е врзан со правната квалификација, туку со описот на дејствијата, ќе каже судијата.

Но она што е најинтересно во случајот помеѓу Лиле Стефановска и Томе Кежаровски е секако преписката помеќу Никола Груевски и Дуња Мијатовиќ специјален престставник за медиуми на ОБСЕ, кој и тврди на Мијатовиќ дека не се меша во независното судство. Дури и Франк Ла Ру дојде. Специјален известувач за слобода на медиуми на Обединетите Нации. И нему му беше забрането да го посети Томе Кежаровски

Но, кој е заклучокот од овој случај кој го води Обвинител или Џелат Лиле Стефановска:

Никола Груевски е во Будимпешта и го викаат азилант, а Обвинител или Џелат Лиле Стефановска му вели си украл паери за да купиш па препродадеш плацеви на Водно
Од инает Кежаровски не умре во затворот и на сите ќе им ја пренесува: На никого не му посакувам да го преживее она што мене ми се случи.

Пуста Лиле, злобниците ја обвинуваат дека навива барем Орце Камчев да и умре во затвор и дека со сета сила го сместува во загрижувачки затворски стандарди. Башка велат дека и Орце го фатило инает. Неќе да умре, па уште си пеел од Стоја стихови: Умри збогом, могу ја без тебе.
Но, која е Лиле Стефановска?

Лиле е обвинител кој не е заинтересиран за докази. Туку е обвинител кој е заинтересиран за моменталната власт во било кое време.

Дел од колумната на Виктор Грозданов за Нетпрес

Целата колумна на овој линк

https://netpress.com.mk/lile-stefanova-obvinitel-ili-elat/