Даниела или Данела има бугарско државјанство?

На социјалните мрежи се разви дебата по информацијата на СДСМ дека независната кандидатка за градоначалник на Скопје имала бугарско државјанство.



Документот, наводно од Министерството за правда на соседна Бугарија, беше презентиран на прес конференција што ја одржа пратеничката Славјанка Петровска.

Она што е спорно е „ситницата“ што „удостоверениетот“ било издадено на лице што се вика Даниела, а не Данела, како што е името на кандидатката за градоначалник, Арсовска.