Беса да ја напушти владата ако сака победа во Тетово, бара Алтернатива

„Беса и нивниот кандидат за градоначалник на Тетово Биљал Касами сакаат да добијат поддршка од Алтернатива и да ја добијат најсилната позиција во овој град, но и да останат во Владата.



Така не може“, вели во изјава за МКД.мк висок функционер на Алтернатива.

Нека излезе Беса со изјава пред јавноста да соопшти дека нѝ се приклучува во создавање на ново парламентарно мнозинство, па тогаш да очекува ние да ги повикаме нашите членови и симпатизери да гласаат за Касами”, вели изворот на МКД.Мк.

Тој ги отфрла изјавите на лидерот на Мендух Тачи кој рече дека „Алтернатива влегува во Владата, тоа е готова работа”.

„Мендух Тачи не е релевантен, како што не се релевантни ниту неговите изјави”, вели функционерот на Алтернатива.