Отецот Ивица Тодоров во име на граѓанска инцијатива, од премиерот Заев бара одговор зошто изборниот плакат на СДСМ за кандидатката за градоначалник на оваа партија во Арачиново е објавен само на албански јазик.
Свештеникот на МПЦ – ОА од премиерот бара да му каже врз основа на кој закон и кој член на уставот е ова дозволено и вели дека дури ни со новиот закон за јазици кој што го предложи владата тоа не е дозволено а сепак Македонците и другите граѓани неалбанци во оваа скопска општина мораат да трпат противзаконско претставување на кандидатите.
За отецот Тодоров предлог законот за јазици е шовинистички и Заев не треба да се чуди што по локалните избори кога тој ќе биде ставен на гласање во Собранието ќе потечат реки народ против него.

Во Арачиново доминантно население се припадниците на албанската заедница но во селото сеуште има дваесетина куќи со ители Македонци, претежно стари луѓе. Најголем дел од Македонците се исселија по конфликтот во 2001 година а некои од нив сеуште живеат во прифатни центри како внатрешно раселени лица.
По конфликтот во Арачиново во голем број на куќи на Македонци и Срби во оваа оштина беа фрлени или поставувани експлозивни направи но се досега не беше фатен ниту еден сторител.
Во текот на конфликтот во селото беа разурнати десетици куќи на жители Албанци кои што пред почетокот на борбените дејствија меѓу ОНА и македонските безбедносни сили го напуштија селото а таму се утврдија бунтовниците кои што подоцна беа евакуирани со меѓународно посредништво.

Целото обраќање на отец Ивица Тодоров до премиерот Заев
ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ до премиерот на владата на РМ,
г – динот Зоран Заев!
Почитуван г- дине Зоран Заев, плакатот на вашиот кандидат во општина Арачиново е напишан само на еден јазик, на албански! Можете ли да објасните по која законска регулатива или член од Уставот на РМ тоа е дозволено? Па дури ни вашиот антиуставен Предлог закон за употреба на јазиците во РМ тоа не го дозволува!
Да Ве потсетиме дека во горенаведената општина живеат и Македонци, зар вашиот кандидат не е и кандидат за кој треба да гласаат и припадниците на македонскиот народ?!?!
Вашиот слоган „Едно општество за сите“ е крајно симпатичен, но граѓаните на РМ, особено Македонците, под тој слоган се повеќе подразбираат дека во тоа ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ една етничка група ќе биде суперлативно поставена над сите. Колку да Ве потсетиме дека тоа се припадниците на албанската етничка заедница, затоа што Вие многу често се повикувате на сите, ама добиваат само овие!
И за крај, ќе имаше силна поента нашите сограѓани Албанци да се согласеа изборните плакати на лретстојните локални избори да бидат двојазични – за на тој начин да покажат дека имаат ПОЧИТ кон државата РМ, кој нејзиниот официјален јазик кој треба да се употребува на целата нејзина територија и кон македонскиот народ, како државотворен народ! Ама ништо од тоа!
Старата шовинистичка песна си продолжува!
И затоа, кога ќе завршат локалните избори, и кога повторно ќе го отворите прашањето во Собранието на РМ во однос на антиуставниот и шовинистички Предлог закон за употреба на јазиците во РМ немојте да се чудите ниту Вие ниту пратениците од СДСМ кога ќе потечат реки народ против неговото изгласување!
„ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА“





