Зимското сметање на времето годинава почнува на 31 октомври (недела) во 3 часот по полноќ со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад.
Така, времето во 03 ќе се смета како 02 часот.
Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, секоја земја сама требаше да одлучи дали ќе функционира само по летно или само по зимско време.
Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но не го усвоија земјите-членки.






