Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Форино побара единственост за да не се дозволело ВМРО-ДПМНЕ да го „избере“ градоначалникот на Гостивар.
„Албанците знаат што мислам за постоењето многу партии и постојано велам дека не ни требаат повеќе од две. Ова е уште еден момент да се собереме во два блока така што ВМРО да не одлучува кој ќе победи во Гостивар. Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени затоа што сè уште има предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако тоа го преточиме во пратенички мандати ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме“, изјави Ахмети.
Актуелниот градоначалник Арбен Таравари од Алијанса за Албанците во првиот круг од локалните избори освои 15.724 гласа или 49,70 проценти од излезените избирачи, а ексградоначалникот Невзат Бејта од ДУИ доби 13.190 гласа или 41,69 отсто.
Далеку зад нив останаа кандидатите на ДПА и на БЕСА, а ВМРО-ДПМНЕ немаше свој кандидат.






