Тешки меѓусебни обвинувања на Арифи и Касами во „Емисија 200“ на ТВ Алсат

„Билал Касами со своите непредвидливи амбиции нема да успее да ја доведе во опасност Владата на Македонија, бидејќи е таа стабилна и без Беса, но ќе предизвика нестабилност, хаос и политички судири во овие тешки времиња.“ – кажа Теута Арифи, актуелната градоначалничка на Тетово и кандидат на ДУИ за нов мандат на оваа функција во “Емисија 200“ на ТВ Алсат.м, во која имаше соочувања на ставовите со Билал Касами, лидерот на БЕСА и нејзин противкандидат во градоначалничкиот натпревар во вториот изборен круг во Тетово.“ – пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА.



ИНА пренесе: „Арифи го обвини Касами дека за него не е важно Тетово, туку само неговата лична моќ: ‘Тој е непредвидлив. Секојдневно го менува ставот. Откако влезе во владата со билет на СДСМ, сега се обидува да ја доведе во опасност и Владата заради сопствените амбиции. Пред изборите се обидува да се занимава со опозицијата за нови мнозинства во Собранието. Нема да успее, бидејќи Владата е стабилна и без БЕСА. Но, ќе предизвика хаос, нестабилност и политички судири во овие тешки времиња. Со своите непредвидливи амбиции Касами доведува во опасност важни владини проекти за Тетово, како што се обиколницата и Коридорот 8.“

ТВ Алсат.м информира за обвинувањата на Билал Касами во „Емисија 200“ на адреса на Теута Арифи дека постојат коруптивни зделки со депонијата Дрисла“: „Касами рече дека управувањето со отпадот продолжува да биде проблем во општина Тетово, велејќи дека имало коруптивен договор со депонијата Дрисла. Според него, луѓе блиски до актуелната градоначалничка на Тетово Арифи биле вклучени во овие договори, кои го оштетиле општинското претпријатие за милионски суми. Касами укажа на својот план да се обезбеди фабрика за рециклирање на сметот во Тетово, која, според него, значително ќе ги намали трошоците за управување со отпадот.“

„Билал Касами истакна дека досегашната градоначалничка Теута Арифи во текот на два свои мандата не успеала да ги реализира проектите и дадените ветувања. Тој изрази уверување дека под негово водство во оваа општина ќе се случи спротивното: ‘Со консолидација на буџетот на општина Тетово ќе обезбедиме дополнителни пари за финансирање на проектите, што ги нудам. Ќе обезбедиме средства со проекти од владини фондови и меѓународни донатори. Гарантирам дека ќе се обезбедат доволно пари за сите проекти што ги ветив.“

„Тврдејќи дека покажале грижа за граѓаните на Тетово, Теута Арифи реплицираше: ‘Пред 8 години имаше цели населби во Тетово без вода. Работевме напорно и инвестиравме многу, градејќи го главниот водовод на градот и филтрационата станица. Ветивме булевар, но завршивме друг. Зборуваме за нова градинка, а завршуваме училиште. Зборуваме за полуподземни контејнери, а веќе успеавме да обезбедиме камиони и нова механизација за складирање ѓубре. Дојдовме до проекти, кои говорат за следната четиригодишна агенда“ – објави ТВ. Алсат.мк.