Генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа ги повика гласачите на Беса да гласаат за кандидатите за градоначалници на Aлијанса на Албанците во вториот круг на локалните избори, а Алијанса ќе им посочи на своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Беса во општините каде што партијата има кандидидат.
Хоџа најави дека веќе е дефиниран договорот за соработка меѓу партијата која е во владина коалиција и опозициската Алијанса за Албанците.
„Анализирајќи ги последните случувања на политичката сцена како и застарената коалиција меѓу ДУИ и ДПА, за вториот круг од локалните избори, наметнува јасна позиција на Движењето Беса против старите политики на овие две политички партии кои не видеа принцип на сопствените и против нивната волја се принудени да се обединат за сопствен интерес …
Апелираме во вториот круг од локалните избори сите гласачи на Движењето Беса да ги поддржат кандидатите на Алијансата за Албанците, со што ќе помогнат да се порази политиката на ДУИ и ДПА. Бараме и од Алијансата за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во Тетово и Желино“, рече Хоџа, пренесува ТВ21.







