Шахоли: „Синовите на партиите“ како „црни ѓаволи“ на чело на општините“

„Кандидатите – Албанци за претседатели на општините се ‘синови на партиите’, која ги кандидирале, и тие работат според нивните наредби, не за подобриот живот на граѓаните, ниту за развој и напредок на односната општина. Таквите претседатели на општини се како ‘црн ѓавол’, кој секогаш ги разочарува граѓаните со начинот како ја практикува власта. И со овие локални избори не доаѓа промена, пак ќе има ‘црни ѓаволи’ како кандидати за први општинари.“ – сликовито и низ иронија вели аналитичарот Медаи Шахоли во својата колумна под наслов „Албанските кандидати како бел и црни ѓавол!“, која ја објави информативната агенција на алански јаик ИНА.

Шахоли пишува: „Албанските кандидати за претседатели на општини, кои ни доаѓаат од сите полиња, од сите бои и од разни професии, секогаш кога ќе бидат избрани на чело на општините ги разочаруваат Албанците во четирите години на своето практикување на власта. Што можат да очекуваат Албанците од ‘белите и црните ѓаволи’ во следните четири години на чело на општините, ќе им го направат ли животот побел или поцрн?“

„Во минатите мандати ‘црните ѓаволи’ им го зацрнија животот со неуспесите, неодговорноста и нивната незаинтересираност за работата наспроти обврските за постигнување ‘подобар живот’ преземени пред албанските граѓани. Но, нивната појава овојпат во костумот на ‘бели ѓаволи’ не ги прави воопшто ‘бели ангели’.“

„Изборот, или повторниот избор на некои од ‘белите или црните ѓаволи’ на чело на општините со мнозинско албанско население не е гаранција за промени и развој во односните општини, едноставно затоа што тие се ‘синови на партијата’: Тие дејствуваат според наредбите на матичната партија. Имаат за стремеж изнудување и присвојување на јавната сопственост, а не развој и напредок на општината каде што тој ‘син на партијата’ ќе биде избран како главен општинар.“

„Минатото има посведочено дека животите на Албанците не станале подобри во текот на мандатот на овие претседатели на општини – ‘синови на партијата’, туку овие повлијаеле за спротивното – младината да нема подобар живот во своето родно место и да мора да се стреми да замине на Запад заради ‘подобар живот’.“

„Оттука, за Албанците и со овие избори не доаѓа промената со ‘белите или црните ѓаволи’, и тие се црни кандидати: ќе ги поделат привилегиите на власта едни со други меѓу себе, а не со граѓаните и за граѓаните.“ – заклучува Медаи Шахоли во својата колумна, објавена на порталот на ИНА.