Зоран Заев не треба да нуди повлекување доколку СДСМ и коалицијата го загубат Град Скопје од опозицијата на локалните избори, изјави во гостување во „Утрински брiфинг“ претседателот на НСДП, Тито Петковски.
„Изјавата е неодговорна, нека ми прости премиерот. Пред една година победивме, формиравме влада пред една година, не ја сваќам поентата да се поднесе оставка ако се загубат локални избори. Тој е премиер, мандатот е четири години“ вели Петковски чија партија е во коалиција со СДСМ.
„Ова беа локални избори со парламентарен шмек, нема да бидат градоначалници Заев или Мицкоски, или СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Овде кампањата излезе надвор од интересот на граѓаните , вели Петковски.






