Божиновска со вознемирувачка информација за Фактор: Состојбата во РЕК Битола е катастрофална

Владата и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски смируваат дека недостатокот на струја ќе се надмине со активирање на сите три блока на РЕК Битола но познавачите велат дека тоа е тешко остварливо сценарио.



Едната причина е тоа што ЕСМ се уште на прагот на зимата не може да набави соодветни количини енергенси а втората е состојбата со блоковите во РЕК Битола.

Иако дел од експертите велат дека се можни рестрикции од Владата уверуваат дека тоа нема да се случи. Сепак струјата најверојатно ќе треба да посакпи веќе следната година, пишува Фактор.мк кој пренесува изјава на Сања Божиновска енергетски експерт за Фактор која вели дека состојбата со термо блоковите е катастрофална.

„Блокот 3 е надвор од функција. Блокот 2 нема јаглен за работа и работи со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум. Блок 1 е исклучен од погон поради тоа што нема јаглен и енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW. На 11.10.2021 година е исклучен од погон затоа што технолошкиот процес не дозволува таков режим на работа. Термо блоковите не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризацијата не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализира.Состојба вообичаена во последните 5 години, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес”, вели Божиновска за Фактор.

Целата анализа на порталот ја овој линк

Вчера директорот на МЕПСО Рамадани изјави дека Македонија произведува само половина од потребната струја и другата нелегално се зема од Европската енергетска мрежа.

Рамадани од МЕПСО го негира Ковачевски од ЕСМ: Немаме струја и недозволено преземаме од Европската мрежа