Граѓаните да не останат без струја среде зима, алармира ВМРО-ДПМНЕ

„Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации“ се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во кое се вели дека „оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври“.



Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас, предупредуваат од опозициската партија.

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризно тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија.

Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.