“Измислете прекршок и отстранете го”: ВМРО-ДПМНЕ ги најави целите на заканите од полициската група

ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека ќе открие нови детали и кои се целите на заканите од полициската група во Прилеп која преку Вајбер нарачувала малтретирање на членови на опозицијата.



“Измислете прекршок и отстранете го”, “кој е на црниот список на возила на МВР за малтретирање граѓани”… и многу повеќе детали од режимот под команда на Заев и Спасовски.

Утре нови информации од аферата злосторничко здружување на полицајци кои му служат на СДСМ, насочени кон следење, притисоци и малтретирање на неистомисленици со власта.

Следете ја прес-конференцијата утре во 09:30 часот”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ објавено вечерва.

,,Земете му ја колата и убијте го”: Нечовечко однесување на полицајци по налог на СДСМ (ФОТО+ВИДЕО)