Ице Г. ја „олеснил“ Хрватска за два милиони евра, сега го бараат

Основното јавно обвиниелство во Осијек подигна обвинение против македонскиот државјанин Ице Г., поради сомневање дека затаил 15 милиони куни (блиску 2 милиони евра).



Македонскиот државјанин се товари дека од 2015 до 2016 година во Осијек, како директор на трговското друштво „Тибиа“, го оштетил буџетот на Хрватска, бидејки не поднел даночна пријава за излезни сметки со искажан данок на додадена вредност за испорака на пченка, пченица, соја, јачмен и други земјоделски култури, производи на неколку фирми во градот.

На наведената адреса во моментов ја нема фирмата, а со проверките е утврдено дека даночниот обврзник немал отворено трансакциска сметка, ниту некогаш поднел барање за упис во регистарот на даночни обврзници.

И покрај обидот да му се врачи решение за спроведување на истрага и повик за испитување, тоа не било можно затоа што не можеле да го најдат. Обвинителството бара од судот да му се суди во отсуство.