По повикот на кичевската дијаспора да се врати во земјата и да гласа на изборите за градоначалник со отворена порака дека тој крад не смее да има градоначалник – Македонец, пристигнува информација за дури 454 болни и изнемоштени лица, кои побарале да се изјаснат во домашни услови.



„До Општинската изборна комисија за вториот круг локални избори, во Кичево се доставени рекорден број барања на лица болни и изнемоштени кои побарале своето демократско право на глас да го искористат во домашни услови…. Во вториот изборен круг бројот е зголемен за 134 новопријавени болни и изнемоштени, од 137, колку што поднесоа документи за гласање во домашни услови…“, истакна Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево.

Станкоска дополни дека денеска и утре ги очекуваат пријавите на лица болни од Ковид19, лица во карантин поради позитивен тест и лица со мерка  изолација. Во првиот круг во општина Кичево беа пријавени само три лица болни од Ковид, кои како и болните и изнемоштените ќе гласаат во сабота на 30 октомври, кога во нивните домови ќе ги посети комисија составена од здравствени работници. Околу 80 проценти од новопријавените болни и изнемоштени се лица со нега од трето лице.