Орбан: Не е важно што сакаат тие во Брисел, туку што сакаат Унгарците

„Високите европски претставници сакаат со сила да ги направат Унгарците Европјани, либерали и да ни кажуваат како да живееме.



Но, кога станува збор за одбрана на домот, семејството, културата и слободата во секојдневниот живот, секој мора да даде придонес. Кога ќе дојде моментот, застанете пред вашите домови и бранете ги“, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан кои ги обвини Брисел и Вашингтон дека се мешаат во унгарската политика.

„Но, не е важно што сакаат тие во Брисел, во Вашингтон и во медиумите оркестрирани од странство. Унгарците сами ќе си ја одредат судбината“, кажа Орбан.

Орбан, кого го очекуваат парламентарни избори во април следната година, зборувајќи пред десетици илјади поддржувачи на митинг во Будимпешта, рече дека Вашингтон и милијардерот Џорџ Сорос пробуваат да ја донесат на власт унгарската левичарска опозиција, помагајќи ја со пари, медиуми и мрежи.