Ако не оствари идеја на Ванчо Михајлов, Заев ќе си пукал во двете нозе (ВИДЕО)

Премиерот Заев изјави дека ако не ја оствари идејата на последниот лидер на историската ВМРО Ванчо Михајлов кој сметал дека нема Македонци во смисла на народ, ќе си пукал во двете нозе.



Во изјава за интервју на Клик на ТВ 21 Заев наметнува идеја која тој ја води кон економски и еколошки теми но не дообјаснува за етничките и националите апспекти на идејата.

За разлика од „Македонија како турска Швајцарија на Балканот“ на рускиот дипломат Петрјаев кој предвидувал Македонците да бидат меѓу народите што живеат во таа творба бугарофилот Михајлов смета дека нема етнички Македонци.

Ванчо Михајлов не само во неговата „Македонија-Швајцарија на Балканите“, туку и во целокупното негово делување се залага за нешто сосема друго. Тој и во неговите Спомени и во неговото последно интервју, што кај нас беше објавено со 12 години задоцнување, јасно порачува дека Македонци не постојат и оти тие се Бугари. Што ќе рече, постоењето на неговата „Швајцарија на Балканот“ подразбира постоење на Бугари, Албанци, Турци, Грци…на сите, само не на Македонците.

Изјавата на Заев за Швајцарија на Балканот не е гаф затоа што тој ја користи по трет пат за неколку месеци.