Во управниот суд во Скопје денеска ќе и се суди на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која е тужена дека спротивно на законот не спречила можна предизборна корупција од страна на владата.
Според тужбата од ВМРО-ДПМНЕ ДКСК незаконски не санкционирана одлука на владата од седница одржана на ден 13.10.2021 година кога биле донесени 160 одлуки за давање на согласност на договор за доделување на финансиска поддршка на 160 правни лица врз основа на Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Според законот за избори на четири дена пред првиот круг избори владата не смеела да одобрува пари на 160те правни лица.
Иако антикорупционерите морале да ја спречат владата пред изборите да носи одлуки за финансиска помош со цел можна корупција по пријавата ДКСК одлучила дека законот не е повреден затоа што парите не биле легнати на сметките на 160 правни субјекти.
ДКСК воопшто не расправала за законитоста на владината одлука туку се осврнала само на фактот дали се парите легнати на сметка што е суштинска повреда на постапката според тужбата.
Поради ваквиот чекор против јавниот интерес ДКСК сега ќе треба пред Управниот суд да одговара за неспречување можна корупција од страна на владата.
Целата тужба против ДКСК во продолжение:

До
УПРАВЕН СУД на Р. Македонија
С к о п ј е
ТУЖИТЕЛ: ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО-Скопје
со седиште на Плоштад ВМРО бр.1, Скопје, претставувана од Христијан Мицкоски во својство на Претседател преку овластен подносител Генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски
ТУЖЕН: Државна комисија за спречување на корупцијата
ОСНОВ: Поништување на Одлука
Т У Ж Б А
Против: Одлука бр. 12-4017 донесена од Државна комисија за спречување на корупцијата
од 21.10.2021 година
Поради:
Погрешна примена на материјалното право;
Поради погрешно или нецелесно утврдена фактичка состојба во постапката која му претходела на актот и
Утужениот орган со утужената Одлука, приговорот на тужителот-организатор/учесник во изборна кампања ВМРО-ДПМНЕ, против Владата на РМ за сторени прекршувања на одредбата од членот 8-а став 1 алинеа 2 од Изборниот законик и за прекршување на одредбата од членот 34 став 1 алинеа 2 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, начин што на нејзината 111 седница одржана на ден 13.10.2021 година владата донела 160 одлуки за давање на согласнот на договор за доделување на финансиска поддршка на 160 правни лица врз основа на Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, СЕ ОДБИВА
Со вака донесената одлука и нејзиното образложение тужениот орган направил повреди на постапката, неправилно го применил законот и неправилно ја утврдил фактичката состојба, со што го повредил јавниот интерес за спречување на корупција и судир на интереси.
Тужениот орган направил повреда на начин што во постапката по приговор од тужителот во својство на организатор/учесник во постапката погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба.
Имено, од страна на утужениот орган во постапката по приговор, по прибавените документи од соодветните органи , е утврдено дека во конретниот случај станувало збор само за одлуки за склучување на договори со 160 апликанти кои што поднеле барање и биле евалуирани, но не била извршена исплата на средства врз основана така склучените договори па следствено на тоа не биле повредени одредбите од членот 8-а став 1 алинеа 2 од Изборниот законик и од одредбите од членот 34 став 1 алиена 2 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси.
Имајки го предвид наведеното во образложението на одлуката, утужениот орган во постапката по приговор, воопшто не ја ценел содржината на доставените известувања од органот против кој е поднесен приговорот особено одговорот испрартен од Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции со кој што се произнел по однос на наводите искатнати во приговорот, во корелација со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Имено, како образложение за донесените одлуки и одговор дека наводите во приговорот се неосновнани, Заменик претседателот на Владата се повикал на околностите што ваквите договори согласно законските одредби од цитиранито закон морало да бидат склучени и дека средствата за исплата на истите биле предвидени со буџетот и дека согласно предвидениот Закон крајниот период за исплата е 25.12.2021 година, што значи дека рокот за исплата како и рокот за склучување на договорот се законски определени. Намерно или не, во образложението на Одлуката донесена од страна на утужениот орган не се потенцира дека со одговорот доставен од заменик претседателот на Владата исто така беше апострофирано дека во секој случај исплатата на овие средства ќе биде во 2022 година.Доколку утужениот орган во постапката по приговор правилно ги ценел сите докази и наводите во истите, недвосмилено ќе утврдел дека одговорот испратен од страна на заменик претседателот на Владата е во најмала рака контрадикторен од неколку причини и тоа:
Ако заменик претсдателот на Владата во својот одговор наведува дека договорите мора да се склучат до 14.10.2021 година затоа што тоа е законски предвиден рок кој што не може да се пролонгира нејасно е тогаш како заменик претседателот на Владата, односно со кое овластување, арбитрерно, како шт е наведено во одговорот, наведува дека во секој случај исплатата на средствата по основ на договрите ќе биде во 2021 година имајки предвид дека и крајниот рок за исплатата на средствата е исто така законски утврден, а тоа е 25.12.2021 година.Оттука се поставуа логично прашање зошто владата не почекала, иако од Мислењето од Секретаријатот за законодавство јасно е наведено да се имаат во предвид одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик, со склучување на договорите после изборите ако во секој случај исплатата на средствата Владата ги планирала за 2022 година и на тој начин сама ги дерогира законските рокови за исплата.Доколку Влатата сакала да не вијае на изборниот процес со донесување на спорните одлуки можела исто така да почека со донесување на истите и склучување на договорите по завршувањето на локалните избори.
Иако, владата со одлуките не извршила ипсплата на средства кои што преставуваат вонредни исплати, таа со скллучените договори за обрзала дека ќе ги исплати предвидените парични средства што на директен или индиректен начин претставува смислено, и тешко коруптивно дејствување од страна на Владата во насока на влијание врз изборниот процес преку стимулација на деловните субјекти кои што ги потпишале договорите што преставува класичен изборен поткуп и повреда на одредбите од членот 8-а став 1 алинеа 2 од Изборниот законик и од одредбите од членот 34 став 1 алиена 2 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси.
Оттука, неспорно е дека со интензивно толкување на наведените одредби од соодветните закони дека нема исплата значи и дека нема прекршување на одредбите, утужениот орган утврдил погрешна фактичка состојба дека немало исплата на вонредни парични средства и врз основа на тоа констатирал дека приговорот е несонован но доколку малку поестензвно ги толкувал одредбите и целосно и со грижлива оцена ги анализирал доказите ќе утврдел дека спорните одлуки донесени на само 4 дена пред одржувањето на првиот круг од локалните избори се доенсени со цел склучување на договори со деловни субјекти, кои што аплицирале за добивањена државна помош, и со ветување и обврска за исплата на парични средства директо се повредуваат одредбите од од членот 8-а став 1 алинеа 2 од Изборниот законик и од одредбите од членот 34 став 1 алиена 2 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, од причина што и самото обврзување за исплата може да се смета како вонредна исплата од причина што исплатата секако ќе се случи по потпишување на договроите.
Самиот факт, што во толку краток период по рапсишување на изборите и донесување на спорните одлуки на 4 дена пред изборите, во ситуација кога има мислење од Секретаријатот за законодавство да се имаат во предвид одредбите од Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, имајки предвид дека се работи за сензитивен период, укажува на тоа дека единствена цел на владата била со изборен поткуп односно со обврзување за исплата на парични средства да се влијае врз деловните субјекти апликанти во донесување на одлуката при гласањето на изборите.
Следствно на ова јасно е и очигледно дека утужениот орган за иста правна работа постапува различно па следствено на на тоа и погрешно го применил материјалното право кога утврдил дека нема повреда на одредбата од членот 8-а став 1 алинеа 2 од Изборниот законик и за прекршување на одредбата од членот 34 став 1 алиена 2 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси
Со оглед на сето претходно наведено предлагам Управниот суд согласно одредбите од Законот за управни спорови ДА ЈА УСВОИ тужбата како основана во целост и да донесе ПРЕСУДА со која СЕ ПОНИШТУВА Одлуката. бр. 12-4017 донесена од Државна комисија за спречување на корупцијата од 21.10.2021 година,и истата ќе ја преиначи на начин што ПРИГОВРОТ ЌЕ ГО УСВОИ, ЌЕ УТВДИ ОДГОВОРНОСТ на органот кои што ги донел спорните одлуки и ЌЕ ИЗРЕЧЕ СООДВЕДНА САНКЦИЈА ПРОТИВ органот кој што ги прекршил одредбите од членот 8-а став 1 алинеа 2 од Изборниот законик и за прекршување на одредбата од членот 34 став 1 алиена 2 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси .
П р и л о г:
-Одлука
-Уплатница за такса во износ од 480,00 денари
За Тужител ВМРО-ДМПНЕ:
Претсеател/Генерален Секретар






