Поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини „открива“ како СДСМ може да го подобри резултатот во вториот круг на локалните за избор на Петре Шилегов за уште еден мандат на чело на Скопје:
„Можaт Албанците да „помогнат“ СДСМ да го подобри резултатот во вториот круг, само доколку надлежните државни органи дозволат, исто како во првиот круг во Сарај, милитантите на ДУИ, без страв дека ќе одговараат, како и секогаш досега, да полнат кутии.
Вчера видовме колку е независна и за кого навива ДИК. ‘Независните’ судии за кривични дела извршени во минатото на денот на изборите, ги ослободија функционерите на ДУИ и ДПА, за да може Заев да обезбеди ‘стабилна коалиција’.
За ДУИ загубата на СДСМ е исто како самите да изгубиле, зашто последиците за нив ќе бидат многу потешки.
Затоа во вториот круг имаат причина да бидат уште поагресивни“, предупредува Хајредини на Фејсбук.







