Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци како „дипломатска пошта“, дознава порталот МКД.мк.
Порталот пишува дека ова не е единствен случај и дека станува збор за разработен канал на извесна група во која има инволвирано лица од МНР, со цел шверцот на акцизни стоки да биде прикриен со „дипломатски имунитет“.
Цигарите и алкохолните пијалаци во земјите од ЕУ на црните пазари достигнуваат високи суми.
Летово бил претресен контејнер со македонска „дипломатска пошта“ кој преку пристаништето во Бриндизи, Италија требало да пристигне до крајната адреса – амбасадата во Франција, а за содржината на „поштата“ во документацијата пишувало „…за опремување на амбасадата во Париз“.







