Првиот човек на бугарскиот дел од Мешовитата бугарско-македонска комисија за историјата се пожали дека повеќе од две години не може да се зборува за постигнати резултати.
До денес, историчарите на Мешовитата комисија работеа на текст за цар Самуил, вели Димитров. „Ние се потрудивме да се договориме и за ова прашање, но македонските историчари одбија.
Ќе биде малку тешко да се излезе од 10-11 век и не гледам желба кај нашите колеги да се откажат од сопственото толкување на историското време“, рече проф. Ангел Димитров за Њуз.бг
„Нашите колеги не можат да си дозволат помисла за заедничка историја, за она што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство.
Многу јасен показател за тоа е дека одбиваат заеднички прослави на историски личности кои се важни за двете земји“, објасни Ангел Димитров и во тој контекст го споменал појавувањето на збирката на Браќа Миладинови и одбивањето на Македонија заеднички да ја прослави округлата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, вели Димитров.







