Педеесетина поранешни стјуардеси на затворената авио-компанија „Алиталија“ на плоштад во Рим ги соблекоа униформите во знак на протест откако останаа без работа по затворањето на компанијата.
„Ние сме „Алиталија“ порачаа сега веќе поранешните стјуардеси…
Италијанската компанија долго време се мачеше со финансиски проблеми и нестабилност, а последниот лет беше изведен на 14 октомври.
Новата авиокомпанија, ИТА, почна да лета следниот ден, користејќи некои од авионите на Алиталија.
Таа ја купи „Алиталија“, но презема помалку од 3.000 од 10.000 вработени на Алиталија.






