По победата во првиот круг независен кандидат го поддржа ВМРО-ДПМНЕ во Росоман

Расте поддршката за ВМРО-ДПМНЕ по убедливата победа во првиот круг во 22 општини.
Потврда за ваквиот тренд на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ е и поддршката на независниот кандидат Стојанче Лазов за кандидатот на опозицијата во Росоман.



Тој во првиот круг во Општина Росоман освои 313 гласови и истите ги насочи на контото на Николов.

Обединетиот опозициски фронт е на чекор до голема победа во вториот круг, а уште еден предвесник за тоа е и победата во Росоман на чело со Тихомир Николов, пишува лидер.мк.