Француската влада ќе им исплати 100 евра на граѓаните кои заработуваат помалку од 2.000 евра месечно (по оданочување), за да им помогне да се справат со зголемените цени на енергијата и горивото, објави премиерот Жак Катекс синоќа.
„Се одлучуваме за еден вид инфлација-обештетување од 100 евра … што ќе им се плати на Французите-тоа е еден вид обесштетување на средната класа“, рече Катекс за ТВ станицата ТФ1.
Се проценува дека околу 38 милиони луѓе ќе имаат корист од оваа мерка, вклучително вработени, земјоделци, невработени и пензионери, рече Катекс.
Соопштението доаѓа додека националните водачи на ЕУ оваа недела во Брисел разговараат за кризата со цените на енергијата. Темата за цените на горивото е особено чувствителна во Франција и помогна да се поттикнат антивладините протести на Жолтите елеци во 2018 година.
Истовремено, Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави премиерот Жан Катекс, појаснувајќи дека одлуката е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.






