Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ реагира на коментар за него од новинарот Бранко Героски при што ја отфрла можноста постариот колега да му е татко поради неговата висина.
Иако Героски со ништо не упатува на ваков одговор на Јовановиќ туку пишува за создавање на аналитичарот како пишувач на колумни, аналитичарот кој јавно призна дека сопругата му е вработена во државна фирма по негово барање до СДСМ, зборува зошто Героски не може да му биде татко.
“Тата, где си тата мооој? 😀 Прво, Героски е висок 163. см, што значи не може да биде мој биолошки татко затоа што сум јас 193. см. Второ, никогаш Героски не присуствувал додека сум пишувал текстови. Ако Героски жали што нема син како мене, а притоа послушен, тоа ги надминува моите “аналитички” компетенции. Жал ми е за Героски. Не сум знаел дека е толку очајник”, стои во реакцијата на Јовановиќ.
Јовановиќ својата колумнистилка кариера ја започнал во Слободен Печат во времето кога Героски беше уредник на весникот што го основа а од кој мораше да замине под притисок од власта на Заев.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10227530465946593&id=1212739200






