Актерот Роберт Вељановски на пластичен начин објаснува дел од причините поради кои СДСМ доживеа дебакл на локалните избори и предвидува зошто тоа ќе се повтори во вториот круг.
„Зошто сдс ги изгуби и ќе ги доизгуби изборите?! Поради ова!!!
По 2 дена од изборите ЕВН ја исклучи струјата на општинската зграда во Могила и уличното осветление во селата во општината. Никој не знае колкав е долгот кон ЕВН.
Госпоѓата која Драганчо Саботковски ја прегази во прв круг уште вчера си ги собрала парталите и заминала!!! Мува не ја лази. Она власт сакала, не сметки да плаќа. Кој знае што уште ќе засмрди кога малку ќе се прочепка низ тињата!
Појасно ви е сега?! – пишува познатиот актер на социјалните мрежи.





