Браќа актери Марк и Дони Валберг, и нивниот трет брат Пол пред четири години отворија голем број ресторани за брза храна наречени „Валбургери“, но нивниот бизнис се распадна, а двете локации во Њујорк се затворени.



Браќата мислеа дека бизнисот ќе им цвета, но не можеле да ја покријат ниту киријата за просторот во Њујорк, а плус биле поплаките и посетите од санитарната инспекција.

Актерот, рапер и продуцент Марк Валберг (46) е најмладиот од деветте деца во семејството. На улиците на неговиот роден Бостон, тој честопати имал расистички испади како тинејџер. Веќе на 13 годишна возраст бил зависник од кокаин, и бил вмешан, обвинет и ослободен во два случаја на злосторства од омраза.

Кога актерот се прослави, бараше од државата Масачусец да му ги избрише криминални досиеја, но граѓаните на Бостон беа револтирани и не го дозволија тоа.

Во ресторанот во Бруклин, дури се снимало реално шоу во кое Марко и Дони го малтретирале страмежливиот Пол. Овој ресторан, пред кој често имало и редови, исто така е затворен. Многу од посетителите се откажаа од хамбургерите во „Валбургерите“, бидејќи дури и просечното мало мени било премногу скапо.