Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за порталот Тетова сот најавува дека ДУИ не ја доби „битката за Кичево“ и дека коалицијата АА-А најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.
„Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок“, вели Таравари.
Во општина Кичево, натпреварот за градоначалничката функција се одвива помеѓу Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ.
о Кичево во втор круг одат Фатмир Дехари и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците на ДИК, Александар Јовановски освои 8801 глас, додека Фатмир Дехари 8545 гласа.
- Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои 8801 гласа – 38,42%
- Фатмир Дехари од ДУИ освои 8545 гласа – 37,30%
- Фатмир Лимани, независен кандидат освои 4527 гласа – 19,76%
- Ѓорѓи Билески од Трета Ера освои 137 гласа – 0,60%







