Зголеменото производство на електрична енергија и дождливото време го донесле на ризично ниво капацитетот за ископ на јагленот кој се користи за РЕК Битола информираат вработени во “Рекот” кои со децении работат во овој стратешки енергетски објект.
Тие не исклучуваат дека не само што не можат да бидат вклучени блоковите 2 и 3 на РЕК Битола туку дека со намален капацитет може да работи и блокот број 1 од каде струја добива најголем дел од Македонија.
Дополнителен сериозен проблем во моментов се и дождовите кои имаат контакт со јагленокопите од каде се вади енергенсот за РЕК Битола.
Меѓу работниците веќе се зборува дека е можно доколку итно не се решат проблемите за почеток капацитетот на блокот број 1 да се намали на 70 посто.
Намалување на работата на РЕК без средување на пазарите на електрична енергија може да значи дури и потреба за рестрикции на струја, сметаат експерти за оваа проблематика.
Од РЕК Битола засега нема официјална информација до јавноста во врска со состојбата со ископот на јагленот.
Владата веќе најави дека за потребите на РЕК Битола а поради националната и глобалната криза со електричната енергија ќе почне да увезува голема количина на косовски јаглен но од тоа се уште нема никакви практични чекори.





