На премиерот Заев му се случува судбината на извесен римски император, кој откако склучил непопуларен договор со непријателот за да си ја спаси земјата, бил изложен на омраза од страна на сопствениот народ. Така барем тврди професорот Денко Малески во колумната во која го анализира поразот на СДСМ на локалните избори.
-Во своето брилијантно историско дело „Падот на римското царство“ Едвард Гибон пишува за римски цар кој склучил непопуларен договор со непријателите спасувајќи ја државата и народот од пропаст. Но, како што минувало времето и како што минувала опасноста од војна, се повеќе растела омразата на народот со повредено достоинство, кон царот кој го спасил Рим. Нешто слично му се случува на премиерот на Македонија со Преспанскиот договор и промената на името на државата – пишува Малески во текстот објавен на Плусинфо.
За останатите аргументи во анализата, за национализмот и радикализмот и за советите од Ангела Меркел до Заев, текстот во целост можете да го прочитате на следниотв линк:




