Уште 24 жртви на коронавирус, нови 107 случаи

Во изминатите 24 часа од коронавирус починале 19 лица на возраст од 39 до 87 години.



Дополнително, регистрирани се уште 5 починати во периодот од 16 септември до 4 октомври.

Во последното денонокие се регистрирани 107 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 1.668 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

  • Најмногу нови случаи има во Скопје – 83, Прилеп 6, Куманово и Кавадарци по 4, Битола 3, Неготино 2, и во Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип по еден нов случај.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти.