ВМРО-ДПМНЕ освои четири од 10-те скопски општини во прв круг

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Кисела Вода.



Според официјалните податоци од ДИК, тој освоил 52,50% од гласовите или во бројка тоа се 14.691 глас. Неговиот противкандидат и досегашен градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски од СДСМ, добил 27,48% од гласовите.

Тимчо Муцунски е новиот градоначалник на општина Аеродром. Тој убедливо го порази Александар Филиповски од СДСМ и со тоа освои победа во првиот круг.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ го порази актуелниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ. Новиот градоначалник освои 52,79% од гласовите на жителите на Бутел.

Голема победа ВМРО-ДПМНЕ има и во скопската општина Гази Баба. Бобан Стефковски стана нов градоначалник освојувајќи 60% од гласовите. Тој го порази актуелниот градоначалник од СДСМ, Борис Георгиевски со двојно повеќе гласови. Кандидатот на СДСМ доби поддршка од 29,49%.