Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и други опозициски партии, објави дека влегува во вториот круг со предност од 5.334 гласа пред досегашниот градоначалник, Петре Шилегов.



„Скопјани донесоа голема победа за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека знаеме дека во Скопје е време за промени.

На скопјани им е доста од лажни ветувања. Овие три недели за мене беа интересна трка, која покажа дека црната кампања веќе не поминува кај скопјани“, рече Арсовска.