СДСМ: Победа во прв круг во Делчево, Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово

Од досега преброените гласови, од СДСМ брифираат дека партијата е во убедливо водството во Берово, Карпош, Пробишип, Богданци, Центар и Пехчево.



Претходно потпретседателот на партијата Фатмир Битиќи соопшти дека  е извојувана победа во првиот круг во општините  Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово.

Веќе имаме сериозно водство во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и уште неколку други општини, изјави Битиќи.