„Изразувам незадоволство од начинот како се организирани и спроведени изборите. Од нашите набљудувачи од терен добиваме информации за бројни нерегуларности и иморовизации, како и за несоодветно толкување на Изборниот законик“ – изјави кандидатот за градоначалник на Скопје на оваа независна листа Ана Петровска, информираше порталот МКД.мк
„Имаме убави резултати за наша застапеност, во смисла на процент на освоени гласови, што ќе значи голем број на советници во Град Скопје. Но, сепак да ги почекаме официјалните резултати’ – рече Петровска.“
„Драгана Велковска, носителка на листата на ‘Зелен хуман град’ за Град Скопје информира за „нерегуларностите кои тие ги забележале“. Според Велковска, ‘нерегуларностите можат да влијаат на резултатите од изборите ‘. Велковска оцени дека ‘изборите се спроведени дилетантски’ и најави оти ‘ќе се работи и на поднесување соодветни кривични пријави.“ – јави МКД.мк.





