„Мнозина гласаа на локалните и во Македонија и во Косово“

„Голем број жители од Македонија заминаа на гласање во Косово.“ – пренесува „Фактор“.



„За разлика од другите гранични премини, денеска беше мошне фреквентно и на моменти со застој на граничниот премин „Блаце“, за што сведочат видео-камерите. Ваквата причина се должи на тоа што истовремено денеска и во Косово, како и во Македонија, се одржуваат локални избори. Граѓаните со двојно државјанство можат да гласаат и во Македонија и во Косово. Mногу Албанци кои живеат во Македонија уживаат државјанство на Косово.“

„Заменик -претседателката на Државната изборна комисија на Македонија Дитмире Шеху во отвореното студио на ТВ21 објасни дека „ова двојно право е овозможено без разлика на начинот на гласање.“ – пренесе Фактор.