Ако треба со часови ќе чекаме ама ќе гласаме: Редици граѓани чекаат за гласање во Скопско

На повеќе локации во скопските населби Автокоманда, Маџари, Хиподром , Ченто, Железара , Бутел 1 се забележуваат редици луѓе кои чекаат за гласање.



На некои од избирачките места има мали проблеми со таканаречениот фингерпринт или гласање со отисок од прст но гласањето се одвива без проблем.

“Ќе чекаме ако треба со часови но ќе го оствариме своето право на глас”, порачуваат повеќе граѓани кои чекаат да гласаат.

За прв пат во земјава се гласа со фингерпринт а дел од избирачките одбори не се целосно подготвени но гласањето генерално се одвива во ред што се гледа и од излезноста која е слична на ланските избори.