„Брзам некаде, ќе се вратам наскоро“, напиша Наоми Кембел (47) на Инстаграм пред да пристигне во Белград.

И навистина. Славната манекенка дојде во Белград, се појави на забавната на компанијата за цртање на јапонска веѓи, ја врачи наградата и по петнаесетина минути замина од забавата, а притоа заработи 250.000 евра. Таа според планот на домаќините требаше да спие во хотел, да ја прошета српската метропола, да се појави во неколку интервјуа на ТВ.

Србите на социјалните мрежи потоа жестоко коментираа и нејзиното однесување го оценија како навреда.
„Дадовме пари, а таа не исмејува“, се само дел од коментарите. Некои ѝ порачаа на Кембел дека пропуштила да го осети шармот на Белград.




