Денес во Кичево 97-годишник го искористи своето право да гласа на годинашниве локални избори за градоначалници и за членови на советите на општините во Македонија – јави ТВ 21.мк.
Во своите први информативни јавувања телевизијата не го наведе неговиот идентитет, ниту етничката припадност.
Екипата на ТВ 21.мк го посети овој видно и натаму витален човек, кој веќе наближува кон завршувањето на десеттата деценија од својот живот, додека гласаше.
„Во Кичево без проблеми гласаа болните и изнемоштени лица.“ – јави телевизијата.





